Повик за есеј
***Рокот за поднесување на есејот е 05.06.2022 (недела 23:59)***

Младинскиот образовен форум, во партнерство со УНХЦР, објавува повик за есеј на тема поврзана со бегалците, лицата баратели на азил или лицата без државјанство.

Оваа активност има за цел да ја подигне едукацијата на јавноста за мигрантите, бегалците, барателите на азил и лицата без државјанство.

Во рамки на активноста, предвидено е да се реализираат гостински предавања со цел на пријавените на повикот, да им се разјасни статусот на мигрантите,бегалците, лицата баратели на азил и лицата без државјанство.

По доставувањето на есеите, стручна комисија во која ќе членуваат претставници од МОФ, РадиоМОФ и УНХЦР ќе ги оцени и рангира најдобрите есеи. Првите три ќе бидат објавени на социјалните мрежи и на веб-страните на Младинскиот образовен форум, Радио МОФ и УНХЦР. Најдобриот есеј ќе биде објавен на 20.06.2022 на Денот на бегалците.

Може да аплицираат сите заинтересирани од 15 до 29 години. Крајниот рок за поднесување на есејот е 05.06.2022 (недела, до 23:59 часот).

Заинтересираните, своите есеи може да ги поднесат на македонски, албански или англиски јазик.

За сите дополнителни информации може да се обратите на risto_saveski@mof.org.mk 

Активноста е финансирана со средства на Миграцискиот повеќепартнерски доверителски фонд, во заедничкиот проект имплементиран од Агенцијата на ОН за бегалци, УНХЦР и партнерските агенции на ОН. Содржината создадена во рамките на активноста не нужно ги отсликува ставовите на Фондот, УНХЦР и партнерските организации на ОН.

Next
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of MOF. Report Abuse