Повик: Работилница за Цели за одржлив развој и нивната иднина
Y-PEER Македонија објавува повик за пријава на 15 млади кои ќе учествуваат на еднодневен настан – интерактивна работилница “What kind of SDGs future we want so see?!”. Работилницата ќе се оддржи во сабота (21ви декември) , во периодот од 10:00-17:00 часот во Скопје и е поддржана од Фондот за население на Обединетите нации, УНФПА во Скопје.
Работилницата е наменета за сите млади кои сакаат да дискутираат за исполнувањето на Агендата 2030 на Обединетите нации, Целите за одржлив развој (SDGs – Sustainable Development Goals) и младинските програми поврзани со истите, да дознаат што се работи на оваа тематика на глобално ниво и да понудат сопствени размислувања во однос на младинската вклученост во процесите поврзани со ICPD и заложбите дадени од нашата држава и младите на глобално ниво.
Кој може да се пријави?
Сите млади на возраст од 16 до 24 години, кои се заинтересирани за промоција на глобални вредности, подобрено знаење за развојни политики, одржлив развој и ICPD агендата.
До кога е пријавувањето?
Пријавувањето е на формата подолу, најдоцна до 19ти декември (четврток) до полноќ.
Избраните учесници ќе бидат известени во петок (20ти декември 2019). Трошоците поврзани со храната и освежување ќе бидат целосно покриени од страна на организаторот.