Онлајн пријавување за aжурирање на членови на СДСМ и активна регистрација
Пријавување за ажурирање на членови и активна регистрација може да се реализира и самостојно, преку онлајн пријавување, на официјалната страница на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во делот на членовите.
Системот за онлајн пријавување овозможува секој член да се пријави за ажурирање на податоците, во електронски Образец, по што пријавата се испраќа до Општинската комисија. Оваа Комисија е должна да го контактира пријавениот член и постапи по одредби од веќе изработен Правилник.
Откако ќе се утврди дека постои основ за ажурирање на податоците и активна регистрација истите се внесуваат во централниот систем.