Повик за ОБУКИ за претставници од граѓанските организации: ЗАСТАПУВАЊЕ И ПОЛИТИКИ

Фондација за Менаџмент и индустриско истражување во соработка со Здружение на бизнис жени, Сојуз на Стопански комори на Македонија и Национална федерација на фармери го спроведува проектот Национална Платформа за Женско Претприемништво - НПЖП со цел: Зајакнување на капацитетите на граѓанските организации за јавна политика  застапување во областа на женско претприемништво со спојување на постојаните мрежи во единствена платформа што ќе претставува интерес на жените претприемачи на сите нивоа. Проектот е кофинансиран од Европската Унија.

Во склоп на овој проект отвораме повик за претставници од граѓанските организации кои имаат потреба од градење на капацитетите за застапување и политики поделени во следните области:
застапување засновано на истражување и факти
организациски менаџмент, вмрежување, собирање средства, одржливост
организација на настани и интернет активизам

Предвидените дати за обуките се следниве:
19ти и 20ти мај (четврток и петок) 2022  во Скопје (веќе реализирани)
02ри и 03ти јуни (четврток и петок) 2022 во Скопје (во тек е пријавувањето за нив)

Програмата за обуката за застапување ќе обезбеди приказ на успешни и неуспешни кампањи за застапување, видови и начини на застапување, дефинирање засегнати страни, целни групи и нивно мапирање. Дополнително, во склоп на обуката ќе се опфатат и алатки за застапување базирано на докази. Во текот на обуката ќе се работи низ практични примери. Во обуката за организациски менаџмент, вмрежување, собирање средства и одржливост ќе се работи на подигање на свеста кај граѓанските организации  за различните можности за финансирање и поттикнување на примена на знаења во пракса и креирање на свои сопствени модели. Ќе се фокусира на потребата, важноста и процесите на креирање јавни политики и улогата на граѓанските организации, преку различни методолошки пристапи. Дополнително, програмата ќе понуди анализа и мапирање на чинители како и видови на стратегии при процесите на креирање на политики. Ќе се работи во обуката за организација на настани и интернет активизам со конкретни примери и можност за учесниците сами да пробаат да организираат настан и да ги прикажат научените вештини на дело.
 
Обуките ќе бидат организирани како целодневни настани, на заедничка локација каде што учесниците ќе можат да го поминуваат времето заедно формално и неформално со цел овозможување истовремено на  придобивки во полето на застапување и политики. Обуките ќе бидат водени од искусен/на обучувач/ка на полето на застапување и политики.
Локација: Скопје.

Сите заинтересирани организации може да аплицираат преку следнава форма. По завршувањето на рокот за аплицирање, избраните организации ќе бидат контактирани со повеќе детали.
Само селектираните учесници ќе бидат контактирани за учество на обуката со доставување на деталната програма за работа и логистички информации. На учесниците ќе им бидат покриени трошоци за хотелско сместување, храна и пат. Селектираните учесници задолжително треба активно да се вклучат во обуката.

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Мејл адреса *
Телефонски број *
Име на Граѓанската организација што ја претставувате *
Веб сајт/Facebook страна од Граѓанската организација *
Работна позиција во организацијата (и/или волонтерска позиција) *
Град од кој доаѓате *
Задолжително е присуство на сите обуки, (19ти и 20ти мај 2022 и 02ри и 03ти јуни 2022) доколку доаѓате од други градови надвор од Скопје хотелско сметсување ќе биде обезбедено за вас. Дали ви е потребно хотелско сместување? *
Задолжително е присуство на сите обуки, (19ти и 20ти мај 2022 и 02ри и 03ти јуни 2022) доколку доаѓате од други градови надвор од Скопје патните трошоци  ќе бидат обезбедени за вас. Доколку ви треба покривање на патни трошоци која е сумата за автобуска карта која треба да ја покриеме, напишете ја сумата во полето Other *
Специфични потребни за храна *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy