Пријава за настан за Промоција на Анализа на Родовите (не)еднаквости во Северна Македонија
Ве покануваме на настан за Промоција на Анализа на Родовите (не)еднаквости во Северна Македонија. Анализата има за цел да даде сеопфатно разбирање за перцепцијата за родова еднаквост помеѓу младите луѓе во нашата држава и да придонесе кон креирање на политики согласно потребите на младите во ова поле.

Оваа промоција е уникатна можност да се запознаете со сознанијата и разбирањата на младите луѓе во однос на родовата (не)еднаквост кај нас. Ве покануваме да учествувате на настанот што ќе се одржи на 26 октомври 2023 година, со почеток во 09:45 часот, во Public Room.

Овој настан е дел од рамките на проектот ,,Eднакви можности за девојчињата и младите жени во Северна Македонија”, кој го спроведуваат Националниот младински совет на Македонија и Stella Network. Преку проектот работиме на поддршка и поттикнување на сите девојки и млади жени, од сите средини, да бидат поактивни во општеството, како и на креирање поеднаков пристап до можностите во јавниот живот, во приватниот сектор и во процесот на донесување одлуки.

📆 26 октомври 2023, четврток
⏰ 09:45 часот
📌 Public Room
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Медиум/Организација/Институција
Телефон за контакт *
Е-маил *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of The National Youth Council of Macedonia [NYCM]. Report Abuse