Пријава за вебинар "Како до инклузивно училиште за деца со аутистичен спектар на нарушување" 10-ти април, 10 часот.
По повод месецот на аутизмот со задоволство ве покануваме на вебинарот насловен “Како до инклузивно училиште за учениците со аутистичен спектар на нарушување” кој ќе се одржи на 10-ти април (сабота), со почеток во 10 часот преку платформата ZOOM.

Овој вебинар е дел од серијата вебинари кои ги организира Здружението за дислексија АЈНШТАЈН со цел едукација, информирање и подобрување на квалитетот на образованието и науката во Македонија.

👩🏫 Обучувач на вебинарот ќе биде проф. д-р Наташа Станојковска Трајковска раководител на Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет Скопје.

📣 Вебинарот ќе биде поделен на три блокови и тоа :
1⃣  Блок 1 Аутистичен спектар на нарушување
          👉  Карактеристики на деца со АСН
          👉  Разлики помеѓу деца со типичен развој и деца со АСН
          👉  Сензорна интеграција
2⃣ Блок 2 Ученици со аутистичен спектар на нарушување
         👉 Адаптација на училницата за потребите на учениците со АСН
         👉  Изработка на дидактички материјали
         👉   Стратегии за работа со ученици со АСН  
         👉   Развивање на вештини за социјална интеракција
         👉    Сексуално образование кај ученици со АСН
3⃣  Блок 3 Инклузивна култура и практика
       👉 Креирање инклузивна клима
       👉   Родители како партнери во процесот на образованието
Блок 4 Прашања и одговори
Прашања и одговори

📜Вебинарот ќе биде во времетраење од 4 часа со две паузи, по завршувањето на истиот сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.

👨👨👧👧Вебинарот е наменет за поширок аудиториум, вклучувајќи теми кои ќе им користат на родителите, просветните работници, студентите, стручните соработници, воспитувачите и сите заинтересирани граѓани.


👉Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 599 денари, за сите активни членови во Здружението Ајнштајн котизацијата изнесува 479 денари. Уплатата на котизацијата се извршува преку уплатница во банка или електронски преку ПП30 уплатница, исто така уплатата на котизацијата може да се изврши и преку фактура.
Последен предвиден рок за уплата е 8-ми април

💻За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.

❓ За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885

Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Име и презиме *
Мобилен телефон *
Во кое својство се пријавувате на семинарот? *
На кој начин ќе ја извршите уплатата на котизацијата? *
Доколку уплата ја извршувате преку фактура, ве молиме наведете назив на првното лице и адреса на седиште.
Дали сте активен член во Здружението Ајнштајн и дали  ја имате уплатено годишната чланарина? *
Доколку не сте активен член на Ајнштајн, дали би сакале да добиете подетални информации за придобивките од нашето членство? *
Како дознавте за овој вебинар? *
Се согласувате дека сите погоре наведени податоци се точни? *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy