16 декември (сабота) | 11.00 - 17.00 часот | КСП Центар-Јадро Скопје
Stand-up комедијата е жанр кој првенствено се потпира на реторичките вештини на изведувачите. Општо прифатено е дека реториката може да се научи. Во античко време, реториката била еден од главните училишни предмети. Па, ако може да се научи реторика, тогаш е можно да се научи како да се биде stand-up комичар. Сега, учењето како да се користат алатките на реториката и вештините потребни за stand-up изведба не е ниту брзо ниту претерано едноставно, но луѓето кои сакаат да го прават тоа генерално имаат голема желба, а токму оваа страст е најголемиот гарант на успехот.
Оваа работилница, ако ви е полесна, можете да ја замислите како работилница за јавно говорење, а тие вештини се многу барани и всушност корисни за секого. Сепак, работилницата првенствено ќе се занимава со конкретна подготовка и изведба на stand-up настапи. Целта на работилницата е да им даде на учесниците привидно искуство на stand-up комичар.
Заинтересираните учесници може да ја добијат препорачаната литература на англиски јазик во pdf формат пред почетокот на работилницата. Исто така, можно е претходно да се подготви текстот и да се испрати до менторката на работилницата за тие да дојдат на работилницата со веќе подготвен текст. Клучен дел од работилницата е импровизиран настап со микрофон, на сцена, пред публика составена од други учесници. Ако не се обидеш, не знаеш.
Соберете храброст, пријавете се, и пишете ни. И, ајде, да учиме, да грешиме и да се смееме заедно!