Заинтересираните учесници треба да ја пополнат апликацијата достапна подолу најдоцна до 15 јуни до 12:00. Резултатите ќе бидат достапни 5 дена по завршувањето на тренингот. Ќе бидат контактирани само селектираните учесници.
Целосниот повик е достапен тука: https://ekvalis.org.mk/mladinska-programa-za-onlajn-aktivizam/
Важна напомена: За учество на оваа програма потребно е учесниците да поседуваат свој лап топ којшто ќе може да го земат и за време на тренингот од 06 до 15 јули.
За дополнителни прашања обратете се на info@ekvalis.org.mk
Оваа програма е дел од проектот „Младите дејствуваат за демократија“ којшто Еквалис го спроведува со поддршка на Националниот фонд за демократија, додека младинската програма за онлајн активизам е дополнително поддржана од Европската младинска фондација и Советот на Европа. Медиумски партнер во проектот е медиумот Фокус.