Инкубаторски повик - #ИмамИдеја

Мотивирани од недостигот на заедници коишто ги спојуваат младите креативни и претприемачки умови, пред речиси три години се основа Стартап Клуб Скопје.

Целта на постоењето ваков клуб е да се креира заедница за сите млади кои имаат иновативни стартап идеи, да се вмрежат со луѓето од стартап и бизнис сферата и да се креираат можности за понатамошен развој и имплементирање на нивните идеи.

Стартап Клуб Скопје е прв централен претприемачки хаб на нашите простори што нуди поддршка низ целиот развоен процес на иновативните претприемачки проекти кој вклучува менторирање од искусни претприемачи, вмрежување, решавање на инвестициските прашања итн. Едноставно кажано, СКС е местото за реализирање на сечија стартап идеја!

Целта на нашата инкубаторска програма "Програма #ИмамИдеја" е да го поддржи развојот на иновативни бизнис идеи и да им обезбеди потребна поддршка на младите претприемачи со ресурси и обуки за успешно отпочнување и развивање на своите стартапи.

🚀 Каква можност ви нудиме? За 10те најдобри бизнис идеи:

📌 Тримесечна инкубаторска програма во вредност од 5.000 евра.
📌 Интензивна обука и поддршка од ментори, успешни Македонски стартапи и врвни експерти.
📌 Преку програмата, имате можност да го презентирате вашиот стартап пред инвеститори, бизнис ангели и компании.

За да се квалификувате за учество во инкубаторската програма, кандидатите ќе бидат оценети според следните критериуми:
  • Капацитет на проектниот тим
  • Потенцијал на пазарот
  • Степен на иновативност

Рокот за аплицирање е до 15 јануари 2024 до 15:00 ч.
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Име и презиме (личност за контакт) *
Телефонски број *
Социјални мрежи (кои ги имате)
Препорачливо е да оставите линк од ваш LinkedIn профил
Наслов на идејата
Првично име кое ќе можете да го менувате понатаму
*
Идеја
Објасни ja идејата (описот да не е подолг од 300 зборови):
1. Проблем (објасни го проблемот кој го решава оваа идеја)
2. Решение (објасни го решението кое го нудиш да го реши овој проблем)
*
Што ја прави вашата идеја уникатна 
Како вашата идеја е поразлична од другите решенија на пазарот (кратко објаснување, не подолго од 200 зборови):
*
Каков е вашиот бизнис модел 
Како планирате да остварите профит? (кратко објаснување, не подолго од 200 зборови)
*
На кој пазар планирате да дејствувате? 
*
Вештачката интелигенција
Дали вашата идеја вклучува употреба на вештачка интелигенција:
Clear selection
Дали позади оваа идеја стои тим или самостојно работите на истата:
Clear selection
Какви потреби моментално имате за развој на вашиот старатап?
Next
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy