Работилница за личен развој БИДИ СВОЈА со Катерина Златановска Попова
Термин 1: Сабота, 26.12.2020, 18.30 – 20.30 часот или Термин 2: Вторник, 5.1.2021, 18.30 – 20.30 часот

Онлајн на ZOOM

Работилницата за личен развој БИДИ СВОЈА е инспирирана и мотивирана од автобиографската книга на Ирена Чаушевска Даниловска „СВОЈА - за најважните работи во животот за кои никој не нѐ подготвува“ која излезе од печат на 13 ноември и уште во првиот месец беше продадена во над 250 примероци. СВОЈА е многу повеќе од само книга. СВОЈА е концепт и начин на живот, желба и мисија за подобро утре и за достоинствен и среќен живот на секоја девојка и жена.

Со таква мисија го креиравме и нотесот СВОЈА кој има повеќе намени од кои најважната е да ти биде нежен пријател и сопатник во претстојната година водејќи те низ 5 чекори до најважните моменти на себеспознавање и преземање на одлучни чекори за реализирање на посакуваните промени.

БИДИ СВОЈА е 2 часовна коучинг работилница на која со помош на сертифициран професионален експерт за развој на човечкиот потенцијал ќе ги добиете одговорите на следните прашања:

1. Каков живот посакуваш за себе и за своите најблиски во Новата година?
2. Што те прави среќна?
3. Која е твојата страст?
4. Колку си автентична и силна?
5. Како да ги оствариш своите желби и цели во 2021 година?

Со работилницата добиваш можност:
>> Да ги препознаеш своите лични вредности;
>> Да ја креираш својата лична животна мисија;
>> Да ги поставиш своите цели за 2021 година;
>> Да ги започнеш посакуваните промени во твојот живот преку поставување на јасни акциски чекори.

Секој од учесниците работи самостојно под водство на сертифициран експерт и ги запишува сопствените мисли и одлуки кои може да ги сподели и со останатите само доколку за тоа чувствува желба и потреба.

Ваучерот за работилницата ги вклучува и книгата и нотесот СВОЈА кои ќе ви бидат доставени на лична адреса. Промотивна цена на котизација: 1990 денари. Добивате вредност од: 3980 денари (Книга + Нотес со вклучена достава + Работилница за личен развој).

Линк за вклучување на сесијата ќе ви биде испратен по пополнувањето на оваа форма и уплата на котизацијата.

Повеќе информации и впечатоци од читатели на книгата можете да најдете на https://www.sitemoizivoti.com.

Контакт на katerina.popova@t.mk, svoja@sitemoizivoti.mk или 070 260 149.
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Кратко инфо за целта на вашето учество (Што очекувате да постигнете?): *
Дали претходно сте учествувале на коучинг работилници? *
Во кој термин ви одговара да учествувате? *
Ваш мобилен за контакт *
E-mail за контакт *
Адреса за испорака на книгата и нотесот *
Начин на плаќање *
Required
Место за коментар или порака до авторката на СВОЈА или до експертот за развој на потенцијал што ќе ја води работилницата (опционално)
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy