Сфера Интернешнал во склоп на проектот „Ген З Дигитална Работна Сила” организира панел дискусија на тема “Подобрување на онлајн вработливоста и издржливоста на младите луѓе во пост-ковид дигиталната ера” каде што ќе се споделат и резултатите од проектот.
На панелот ќе се обратат следните говорници:
- Александра Митревска (Native Teams)
- Мартин Цветановски (MONDAY Digital Agency)
Панел дискусијата ќе се одржи на 25-ти октомври 2023 во Europe House Битола од 11:00 - 12:30 часот. По завршувањето на панелот следи коктел и вмрежување со говорниците и присутните.
Целта на проектот „Ген З Дигитална Работна Сила” е да придонесе за намалување на невработеноста во ЕУ и подобрување на онлајн вработливоста и издржливоста на младите луѓе, фокусирајќи се на поддршка на младите со помалку можности.
Проектот „Ген З Дигитална Работна Сила” е 2-годишна иницијатива помеѓу 5 организации (You(th) Develop Denmark (координатор), Uniamoci Onlus (Италија), SFERA International (С.Македонија), Innovaform (Унгарија), My Madeira Island (Португалија)) и е финансиран од Еразмус + програмата.