Импакт Фондација поддржани од RECONOMY програмата организираат настан „од фриленсери до основачи“. Oвој настан двајца основачи на стартапи ќе го претстават својот бизнис пред публиката и ќе ги инспирираат фриленсерите да развијат сопствен бизнис.
Славе Ангелов - основач на Fliprise дизајн и контент агенција за Амазон услуги и Lista, нова веб апликација за автоматско бесплатно креирање на високо-конвертирачки продукт слики.
Николина Цветановска - ко-основач на Monday и Monday Learning. Monday e дигитална маркетинг агенција која во рамки на своите услуги организира и едукативни тренинг програми за индивидуалци и компании.
📅Датум: 16.11.2022 (среда)
⏱Време: 18:00 часот
📌Место: Среќа Бар