„Зошто 8 Март?“ | Пријава за едукатор(к)и
Ако сте идни просветни работници, едукатор(к)и, наставнички и наставници или едноставно се гледате себеси во иднина како работите со млади, ова е повикот за вас.

За нашиот омилен ден во годината, овој март по трет пат се враќаме со средношколски-прилагодениот наставен план и материјали „Зошто 8 Март?“. Овој материјал е изготвен со цел да се отвори простор за инклузивна дискусија со младите за родовата нееднаквост и феминизмот, годинава со посебен фокус на жените и женските иницијативи во општествено-политичкиот живот во минатото. Педагошки прилагодениот материјал вклучува наставен план со збир од содржини и извори коишто би им помогнале на едукатор(к)ите да се запознаат и припремат за час, како и наставни материјали и помагала за учениците и ученичките со коишто би се служеле додека трае часот.

За оваа цел Тиииит!Инк. ангажира едукатори и едукаторки кои би ги спровеле веќе спремните наставни материјали за време на еден средношколски час во одделенијата на професор(к)ите коишто се пријавени за соработка. Материјалите ќе бидат прилагодени во договор со професор(к)ите и потребите на одделението. По селекцијата на четири едукатор(к)и, тие ќе бидат поврзани со пријавените професор(к)и на чијшто час ќе ги предаваат материјалите. Секој(а) едукатор(ка) ќе биде биде ангажиран(а) да одржи најмногу два часа, а сите потребни материјали и наставни помагала ќе бидат обезбедени од Тиииит!Инк. Предвидените часови ќе се одржат во периодот по 8 март до крајот на месецот.

Целта на овие материјали е да се охрабрат сите оние кои се активни чинители во образовниот процес да станат дел од една дискусија која е неодделив дел од секојдневното постоење и учествување во нашето општество. Покрај тоа, оваа соработка помеѓу идни и сегашни искусни професор(к)и и едукатор(к)и е одлична можност за отворање на простор за позитивни искуства со работа со ученици и остручен пристап кон дискутирање на теми за еманципација на жените и родовата еднаквост.

Повикот е отворен до 5 март (недела). За овој ангажман на едукатор(к)ите следува хонорарен надомест.

Спроведувањето на активноста е поддржано од фондација Kvinna till Kvinna.

Ако имате какви било дополнителни прашања, пишете ни на tiiiit.inc@gmail.com. Им се радуваме на Вашите пријави :)

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Име и презиме *
Возраст *
Област на студии *
Дали досега сте имале искуство со држење на час на група или поединци?
*
Накратко, зошто сакате да учествувате како едукатор(ка) во рамките на оваа активност?
*
Во која општина сте во можност да го одржите часот?
*
Наведете Ваш мејл и/или телефонски број
A copy of your responses will be emailed to the address you provided.
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
reCAPTCHA
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy