Пријава за работилница во Струга за подготовка на апликација #зелениидеи2020
Здружението за социјални иновации  „АРНО“ објавува повик за  учесници на еднодневна работилница за подготовка на апликација за натпреварот „Зелени идеи 2020“ (https://zeleniidei.mk/).
Третата работилница ќе се одржи на 19 март (четврток) во Струга (10 -16ч).
Заинтересираните кандидати можат  да се пријават преку пополнување на овој формулар, најдоцна до 13.03.2020 (петок) до 16:00 часот. АРНО ги задржува правата да ги избере учесниците според пополнетата пријава. Избраните учесници ќе добијат потврда на мејл најдоцна до 17 март (вторник).

Кој може да се пријави?

Секој кој што е заинтересиран да се пријави на натпреварот „Зелени идеи 2020“ може преку оваа работилница да добие соодветна обука за пополнување на апликацијата и на КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ. Бројот е ограничен (со цел поголема ефикасност) на 15 учесници на кои менторот од  Асоцијацијата за Менаџмент консалтинг МКА 2000 ќе им помогне во индивидуалната разработка на апликациите.

Содржина на работилницата

На работилницата ќе ги добиете сите потребни информации за начинот на подготовка и пополнување на апликацијата. Особено ќе се задржиме на делот за подготовка  на КАНВАС БИЗНИС МОДЕЛОТ. Поради тоа,  препорачливо е да дојдете подготвени со основните податоци за вашиот производ/услуга.
На пример, најприоритетно е да имате податоци за трошоците за изработка на производите или извршување на услугите. Важно е да знаете какви набавки ќе ви бидат потребни, машини, опрема, простор и слично. Размислете околу продажбата, особено за продажната цена на производот или услугата, профилот на купувачите, начинот на промоција и продажба. Размислете и за еколошките вредности во набавката на суровини, начин на продажба, користење на чиста енергија и слично.
* Работен јазик на работилницата е македонски јазик.

Благодариме на интересот.

Срдечен поздрав,
Тимот на АРНО.

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име *
Презиме *
Возраст *
Град *
Доколку доаѓате во име на правен ентитет (мала приватна фирма, граѓанска организација) наведете го називот.
Електронска пошта (e-mail) *
Телефон за контакт *
Зошто сакате да учествувате на работилницата?(Објаснете на кратко, до 5 реченици) *
Во која фаза од развој се наоѓа вашата зелена идеја?(Објаснете на кратко, до 5 реченици) *
Дали имате учествувано на некоја од работилниците кои АРНО ги организираше минатата година? *
Изјава за согласност *
Required
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy