Повик за компании
Поврзувањето на креативните индустрии со нашите студенти е најважниот приоритет!

Ги повикуваме сите компании [големи и мали] да се пријават на отворениот повик за учество на традиционланиот настан, каде студентите од Академиите за дизајн [графички дизајн, дизајн на ентериери, моден дизајн и визуелни уметности] јавно ги презентираат своите портфолија со цел поврзување на студентите со компаниите.

Настанот е дел од предметите „Развој на лична кариера“ и „Бренд Менаџмент“ кои се единствени предмети од ваков тип во неформалното образование со цел да им помогнат на студентите во нивниот понатамошен професионален развој и трајно вработување.


Повикот е отворен за компании исклучиво од креативните индустрии:
• Маркетинг и рекламни агенции;
• Дизајн студија;
• Видео и фото продукции;
• Модни конфекции и атељеа;
• Работилници за изработка на мебел;
• Издавачки куќи и медиуми (ТВ, веб);
• Студија за 2Д анимација и 3Д моделирање.

На настанот, студентите од Академиите ќе го презентираат своето работно портфолио, по што секој студент ќе биде достапен за прашања од присутните претставници од компаниите.
 
По завршувањето на презентациите, секоја компанија ќе има можност да избере студент/ка , на кој/која ќе му/ѝ биде овозможена едномесечна  практика во соодветната компанија, а со тоа и можност компанијата подобро да се запознае со работата на младиот креативец.

Рокот на аплицирање е до 19 јули.

Агенда на презентации:

★ 21.07.2021 | 13:00 - 16:00 часот | Академија за ентериер и продукт дизајн

★ 21.07.2021 | 17:00 – 20:00 часот | Академија за моден дизајн

★ 22.07.2021 | 14:00 – 18:00 | Академија за графички дизајн и Академија за визуелни уметности

Презентациите ќе се одржат во склоп на објектот Public Room (Јавна соба).

Ве очекуваме колеги!
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име на компанијата *
Дејност на компанијата *
Имаме потреба од: *
Required
Бараме практикант (студент) од:
Лице за контакт од компанијата *
Телефонски број / е-маил од лицето за контакт *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy