Пристапница за членство во здружението за дислексија Ајнштајн
Услови за членство во Здружението за дислексија АЈНШТАЈН

(1) Член на Здружението може да биде секое полнолетно, деловно способно лице без оглед на неговата расна, национална или верска припадност, кое е државјанин на Р.С. Македонија или е странец со постојан престој во Р.С. Македонија.
(2) Членови на Здружението се истакнати професионалци од повеќе области, активни граѓани кои доброволно ќе пристапат и ќе потпишат пристапница.
(3) Со потпишувањето на пристапницата, членовите го прифаќаат Статутот на Здружението и изразуваат спремност да истапуваат како личности и да ја понудат својата експертиза во спроведување на активностите на Здружението.
(4) Членството го сочинуваат активни и неактивни/пасивни членови:
- активни членови се оние членови кои активно учествуваат во работата на здружението и остварувањето  на неговите цели, кои бираат и можат да бидат бирани во раководните органи на здружението и редовно плаќаат членарина во износ од 1.200 денари на годишно ниво.
- неактивни членови се членови кои ги поддржуваат активностите на здружението, не се редовно вклучени во активности и обврски, но редовно плаќаат членарина во висина од 600 денари на годишно ниво. Истите не може да бираат и да бидат бирани во раководните органи на здружението.
Статусот на активен или неактивен член, го утврдува секој член самостојно и истиот како израз на негова волја, го назначува јасно во пристапницата.
(5) За прием на нови членови одлучува  Претседателот на здружението, а незадоволниот член има право на жалба до Управниот Одбор на здружението. Здружението за своите членови води регистер на членство кој се ажурира на секои шест месеци.
(6) Членовите на Здружението имаат права и обврски определени согласно Статутот и позитивните законски обврски. Секој активен член има право и обврска:
- Да избира и да биде избран во органите на Здружението
- Да предлага решавање на прашања од заеднички интерес за Здружението
- Да работи на развивање на активностите на Здружението определени со Статутот, програмите, целите и активностите определени согласно друга документација на Здружението.
- Да ги застапува интересите и ставовите на организацијата
- Да го почитува во целост Статутот и програмските активности на Здружението
- Да бара стручна и друга помош од областа на материјата.
- Редовно да плаќа членарина
 (7)      Секој активен член кој има платено членарина за тековната година и поседува своја пресонализирана членска картичка може да ги ужива следните придобивки:
- 20% попуст на сите семинари, работилници и конференции кои ги организира нашето здружение
- 10% попуст секој ден на сите изданија од издавачката куќа Арс Ламина, со ознака „лесно читливи“, во книжарниците на Литература.мк
- 10% попуст на сите услуги во Едукативно - терапевтскиот центар Ајнштајн
- 10% попуст на училишен прибор во сите книжарници на Тримакс, секој последен петок во месецот.
- Приоритет при пријава за учество на сите семинари, работилници, конференции и настани кои ги организира нашето Здружение.
- Редовни и навремени известувања и покани за семинари, работилници и конференции
- Учество во собранието на членови како највисок орган на организацијата, а со тоа и можност за учество во донесувањето на одлуки релевантни за работата и активностите кои ги спроведува организацијата
- Можност за аплицирање и станување  дел од телата на организацијата, како што се управен и надзорен одбор
- Можност за учество на голем број платени едно дневни и повеќедневни обуки на различни теми во Скопје и низ територијата на цела држава.
- Добивање на сите најнови публикации и прирачници бесплатно
- Редовни известувања за проектните активности и ангажмани
- Можност за волонтерски ангажман
(8) Секој член може доброволно да истапи од членството на Здружението .
(9) Член на Здружението може да биде исклучен ако:
- Ја нарушува честа и угледот на здружението, со објавување на невистини и недолични коментари во јавноста и на социјалните мрежи Изврши злоупотреба на својата положба или предизвика материјална штета на здружението Нема платено членарина 3 последователни месеци. Одлуката за исклучување ја донесува Претседателот на здружението, на која одлука  членот има право на жалба до Управниот одбор.

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Име презиме *
Мобилен телефон *
Адреса на живеење (Улица, број, град и поштенски број) *
Датум на раѓање *
Се пријавувам за: *
Со оваа пристапница изјавувам дека доброволно сакам да станам член на Здружението за дислексија Ајнштајн Скопје. Со пристапување во здружението се обврзувам да ги почитувам одредбите од Статутот на здружението и активно и редовно во рамките на моите можности да учествувам во активностите на здружение за дислексија Ајнштајн. *
Ветувам дека нема да го користам Здружението за дислексија АЈНШТАЈН и своето членство во него за политички цели. *
Се согласувам со погоре напишаните услови за членување во здружението за дислексија АЈНШТАЈН: *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy