Работилница за современи уметнички практики, од Дитер Хамер М.А., филозоф и уметник од Германија.
Период: 1ви и 3ти април 2024. Работилницата ќе се реализира преку две средби, првата во Музејот на современата уметност – Скопје, на 1 април (понеделник), во периодот 11-13 ч., и втората на 3 април (среда), во периодот 11-13 ч., на Факултетот за ликовни уметности – Скопје (објект: Педагошки факултет).
Преку работилницата, учесниците ќе се запознаат со различни начини на семиотизација на објектите (според концепт, дизајн, најден предмет и сл.) и ќе добијат увид во механизмите како предметите можат да функционираат во уметнички контекст.
Работилницата е наменета за студенти во последните години на студии и за уметници кои се на почетокот на својата уметничка пракса. Работилницата ќе се одвива на англиски јазик.
Заинтересираните учесници можат да се пријават до 30 март.
За повеќе информации: info@msu.mk
Работилницата е реализирана како соработка на Музејот на современата уметност – Скопје, Факултетот за ликовни уметности – Скопје и ОПА фондација.