Апликација за учество во национално верификувана  обука за обучувачи на возрасни на МОДУС Центар Скопје
[Забелешка: За учество Обуката за обучувачи на возрасни пополнете го прашалникот подолу под текстот за објаснувањето за Обуката]

Со учество во 9 месечната Обука за обучувачи се добива сертификат кој е  национално верификуван како квалификација ОБУЧУВАЧ НА ВОЗРАСНИ. Оваа е нова квалификација на занимање, поради потребата за унификација и стандардизација на квалитет на обуките за возрасни на територија на нашата земја, а во склад со Законот за образование на возрасни.  МОДУС ЦЕНТАР ја спроведува оваа обука е верификуван провајдер на оваа програма од страна на Министерството за Образование и Наука.

Она што му е потребно на еден обучувач за да дизајнира и спроведе успешна обука може да се научи, да се вежба и да се унапреди. Ваква обука ќе му овозможи на идниот професионален обучувач да се стекне со вештини кои ќе му помогнат да ги одреди потребите за обука и  да дизајнира ефективни решенија од било која област. Ваква сертифицирана програма за обука која е  национално призната овозможува стандардизиран квалитетен програмски пристап и му овозможува на сертифицираниот обучувач за возрасни да може да го обликува процесот на обука низ сите негови фази, и тоа: одредување на цел и процена, планирање и подготовка, презентација и фацилитација, перформанса и евалуација.  

По завршување на обуката учесникот ќе се стекне со следниве компетенции:
Проценка и анализа на потребите за конкретна обука
Подготовка на акционен план за обука со употреба на различни педагошки пристапи
Подготвка на детален план за водење на сесиите од обуката
Реализација и менаџирање на процесот на обука
Евалуација на индивидуалниот напредок и постигнувањата на учесниците и на самата обука
Самопроцена на сопствената професионална практика

Обуката вклучува теоретски и практични часови преку кои учесниците ќе се стекнат со знаења, вештини и ставови потребни за оспособување да работата како професионални обучувачи на возрасни.
Првото ниво од програмата е во траење од 210 часови. Резултатите на постигнувањата на учесниците ќе бидат оценувани на крајот од процесот на обука и ќе се базираат на јасни поставени критериуми, кои гарантираат дека учесниците ги имаат потребните способности да работат како професионални обучувачи на возрасни.
 
Клучно во обуката е активно учество во обуката на сите учесници. Процесот на обука ќе биде адаптиран согласно специфичните потреби на секој учесник. Оценувањето на крајот од обуката ќе се спроведе со комбинација на пишан, усен и практичен дел.

Обуката во првите три месеци ќе се одржува онлајн преку посебна програма (ZOOM meeting) за која ќе добиете линк и шифра за придружување следејќи ги препораките и протоколот за одржување обуки во услови на пандемија со вирусот Ковид 19. Доколку се промени состојбата потоа обуките ќе се одржуваат во просториите на МОДУС центарот во Скопје.

ОБУЧУВАЧИ:
Станислав Петковски–Сашо, сертифициран професионален обучувач на обучувачи на возрасни и коучинг, специјалист по медицинска психологија, сертифициран трансакциски аналитичар, психотерапевт, семеен системски терапевт, сертифициран PCM коуч.
Марина Бабамова, сертифициран професионален обучувач на обучувачи на возрасни и коучинг, лиценциран психолог и магистер по менаџмент на човечки ресурси, сертифициран PCM коуч.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА
1. Обучувачи кои поради својот професионален ангажман сакаат да ги развијат своите знаења и вештини и да ја комплетираат својата квалификација.
2. Обучувачи кои имаат искуство во обука, но немаат соодветна сертификација.
3. Професионалци и експерти кои поради природата на својата деловна активност, имаат фази во својата работа во која е неопходно да едуцираат групи на вработени.
4. HR менаџери и консултанти кои имаат потреба во рамките на својот деловен ангажман да ги унапредуваат човечките ресурси низ систем на обуки во рамките на своите организации.
5. За професионалци од било која област, доколку имаат намера својата кариера да ја насочат во обука и работа со возрасни.
6. За психолози, социјални работници и сл., кои поради природата на својот деловен ангажман обучуваат возрасни луѓе низ тренинг насочен кон развивање на социјални и психолошки вештини.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ – 10 МЕСЕЦИ (210 часа)

БРОЈ НА УЧЕСНИЦИ: ограничен до 15

ИЗНОС НА КОТИЗАЦИЈАТА
Полната котизација за оваа сертифицирана Обука е 1.500 евра во денарска противредност со можност за плаќање на 4 рати. За рано пријавување до 20 септември 2020 учесниците ќе добијат дискаунт од 10% (или 150 евра).  

ДОСТАВУВАЊЕ НА АПЛИКАЦИЈАТА ЗА УЧЕСТВО
Пополнете апликација за учество треба да ја поднесете во најскоро време, но не подоцна од 5 денови пред почетокот (10 октомври 2020). По улаќање на 25% од котизацијата и потпишување на договор за учество ќе може да почнетете со учество во оваа сертифицирана програма  

За дополнителни информации можете да не контактирате на тел: 070 355 095 или на е-маил адресата info@proefekt.mk
1. Име и Презиме *
2. Датум на раѓање *
MM
/
DD
/
YYYY
3. Организација/институција која ја претставувате на оваа обука? *
Забелешка: Наведете го името на организацијата/институцијата, како и контактите за комуникација (поштенска адреса, телефон и е-маил адреса). Доколу не претставувате некоја организциија само ставете „/“ во полето за одговор
4. Наведете телефон за контакт *
Забелешка: Личен аналоген и/или мобилен телефон
5. Наведете го Вашиот e-mail кој го проверувате редовно *
6. Досега во поглед на темата за обука го имам следново искуство: *
7. Наведете доколку имате било какви посебни потреби (на пр. забелешка до организаторите, режим на исхрана, итн. )
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy