Форма за регистрација : презентација на резултати од студијата за врсничкото насилство, сегашна состојба и препораки
Почитувани,
Универзитет Американ Колеџ Скопје Ве поканува да присуствувате на Националниот консултативен состанок: презентација на резултати од студијата за врсничкото насилство помеѓу младите во основните и средните училишта во Скопје - сегашна состојба и препораки, организиран од страна на Универзитетот Американ Колеџ Скопје во соработка со канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.
Во рамките на консултативниот состанок ќе бидат презентирани резултатите добиени од истражувањето „Врсничко насилство меѓу младите во основните и средните училишта во Скопје“, кое го спроведе Катедрата за психологија при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, со поддршка од канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.
Настанот ќе се одржи во четврток, 25 јуни 2020 година, од 11:00 до 13:45 часот, со конференциска врска преку платформата Webex.
За да присуствувате на настанот, Ве молиме пополнете го формуларот во продолжение.