КА2 „Youth worker in debate“ Работилници
Проектот „Youth worker in debate“ е долгорочен проект за размена на добри практики во младинскиот сектор, како дел од Еразмус+ програмата. Овој проект ќе промовира методи кои можат да придонесат унапредувањето на квалитетот на младинската работа преку дебатната методологија, како и зајакнување на капацитетите на младите луѓе преку развивање на критичкото размислување и користење на неформални методи со цел да станат активен дел од општеството.

Овие работилници се дел од втората фаза од проектот, во кој ќе се опфатат 16 млади луѓе на возраст од 17 до 21 година, кои ќе земат учество на 3 работилници по дебатни методи и критичко размислување кои ќе се одржат од март до декември 2020 година. Во текот на трите работилници, младите ќе научат повеќе за различните стилови на дебатирање, како да распознаваат лажни вести, но и да испробаат како се дебатира. Учесниците ќе бидат обучени од локални младински работници кои беа обучени на интернационална обука во Торино, Италија како да го пренесат знаењето на младите луѓе во нивните заедници.

Дополнително, по завршувањето на локалните работилници, младинските работници заедно со 8 учесници од групата ќе земат учество на интернационална мобилност во Солун, Грција во текот на февруари 2021 година, каде учество ќе земат и нивни врсници од Грција и Италија.

Сите трошоци поврзани со проектот, заклучно со интернационалната мобилност во Грција, се покриени од Еразмус+ програмата на Европската Унија. Само избраните учесници ќе бидат известени, а за сите дополнителни прашања контактирајте нè на info@yea.mk.


ПРОФИЛ НА УЧЕСНИЦИ: 16 млади луѓе од Македонија на возраст од 17 до 21 год.
ДАТA: 3 работилници (март, септември, декември)
МЕСТО: Youth Empowerment Office - YEO, Скопје

КРАЕН РОК ЗА АПЛИКАЦИЈА: 01.03.2020 год.
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Дата на раѓање *
MM
/
DD
/
YYYY
Пол *
Адреса на живеење (улица, број, град) *
Меил адреса *
Телефонски број *
Дали си член/волонтер во на некоја граѓанска организација? Ако да, објасни накратко.
Дали имаш претходно искуство со темата на проектот или пак со меѓуардони проекти? Ако да, објасни накратко.
Зошто би сакал да земеш учество на овој проект?
Линк до фејсбук профил:
Дополнителни коментари:
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy