„АРНО“ e локален инкубатор кој 2-ра година по ред го спроведува проектот RISE (Regional Incubator for Social Entrepreneurs). Целта на проектот е да поддржи идеи за социјални бизниси, идеи што ќе го направат регионот подобро место.
Искуството од минатата година, ни покажа дека „It takes a village to raise a child“ (слоб. превод, потребни сме сите да дадеме поддршка во развојот на идеите на младите) затоа одлучивме и годинава да ги поканиме сите оние кои сакаат да придонесат во проектот да се пријават за менторска и/или експертска улога. Ве молиме имајте предвид дека се работи за про-боно ангажмани (без надомест).
Пријавувањето е отворено до 15-ти ноември, 23:59 часот.
Пријавете се за:
>> Ментор << (изберете еден од 9-те тимови и бидете им советник, поддршка, ветер во крила; ангажман од 2-4 часа месечно во текот на 4-те месеци (средбите ги дефинирате заедно со тимот).
>> Експерт << (споделите експертиза и поминете поединечно 45 минути (one on one) со секој од 9-те тима, давајќи им конкретни насоки за нивниот социјален бизнис (средбите ги дефинирате заедно со тимовите).
Целосната објава за повикот, и краткиот опис на тимовите можете да го најдете овде
https://arno.org.mk/mk/vesti/otvoren-povik-za-mentori/ Минатогодишната соработка со менторите и експертите беше навистина успешна и оваа година сведочиме на започнување на нови приказни на социјални претпријатија во нашата држава. Преблагодарни сме на сите кои до сега и од сега ќе изразат желба заедно да градиме заедници и креираме мрежи на поддршка.