Апликациски Прашалник

Добредојдовте на апликацијата за упис на обука за сертифициран техничар за инсталација на телекомуникациска опрема

Станува збор за сеопфатна програма дизајнирана да ви обезбеди вештини и знаења потребни за инсталирање и одржување на модерна телекомуникациска мрежна опрема. Обуката користи теоретски и практичен пристап, комбинирајќи интерактивни активности за учење со најнова технологија. 

Програмата опфаќа широк опсег на теми, вклучително и разбирање на најновата мрежна опрема, избор на соодветни алатки и материјали, изведување процедури за инсталација и тестирање и отстранување на вообичаени проблеми. На обуката, исто така, се нагласува важноста на безбедносните протоколи и индустриските регулативи

Преку оваа обука, ќе научите како да инсталирате и одржувате разновидна телекомуникациска мрежна опрема, вклучувајќи антени, радија, прекинувачи, рутери и други основни компоненти. 

До крајот на програмата, ќе бидете добро опремени за да извршувате успешни инсталации, да обезбедите правилна функционалност и да ја одржувате мрежната опрема за да обезбедите оптимални перформанси во индустријата со брзо темпо и брзо менување. 

Обуката се состои од три дела: теоретски, практичен дел и теренски дел и на истата ќе се совладаат следните теми, и тоа: 

1. Основи во електронски и радио комуникации
2. Општи правила и прописи во електронските комуникации
3. Употреба на опрема за работа на висина, безбедност и здравје при работа
4. Прва помош и заштита
5. Технологија и организација на работните процеси
6. Лидерство и софт вештини
7. Инсталација и поднесување на параметри на телекомуниациска опрема и уреди
8. Инсталација и подесување на антени
9. Основи и тест на мерна опрема
10. Завршен дел и примена на стекнатото знаење (теренска обука) 

Обуката започнува на 24ти април и ќе биде организирана на таков начин, што во текот на 10 недели ќе се покрие теоретски дел и дел за практични вежби во просторијата за обука со показни вежби и примена на алат, а теренските вежби, како што е принципи за работа на висина ќе се одвива надвор и тоа на антенски столб. Делот од обуката кој се однесува на употреба на опрема за работа, здравје и безбедност при работа ќе го одржат надворешни правни лица. 

Во последната 10та недела, во текот на 6 до 8 денови, ќе се организира завршниот дел од обуката каде секој кандидат ќе го примени своето знаење на терен, под менторство на нашите колеги – монтери на телекомуникациска опрема. 

На крајот на обуката, на секој кандидат кој успешно ја поминал обуката, му се доделува Сетрификат за успешно помината обука за техничар за инсталација на телекомуникациска опрема, а секако предуслов за да ја започнете оваа обука е солидна здраствена состојба, полнолетство, завршено средно техничко орбазование, како и возачка дозвола од Б категорија.

Вредноста на обуката е 700 евра, но за првата група учесници ќе чини само 2.100 денари, со можност за идно вработување во телекомуникацискиот сектор.
За дополнителни информации, може да не контактирате на +389 2 30 92 820

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и Презиме *
Датум на раѓање *
MM
/
DD
/
YYYY
Дали имате завршено средно техничко образование?
Clear selection
Дали имате страв од височини?
Clear selection
Дали имате возачка дозвола од Б категорија?
Clear selection
Дали имате здравствена состојба која би ви пречела за ваков тип на работа?
доколку немате скокнете го ова прашање
Ваша e-mail адреса *
Телефонски број за контакт *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy