На 23 февруари, во 17:00 часот, ќе се одржи петтата онлајн информативна средба и практична работилница за Конкурсот за најдобар млад преведувач „Вавилон“. На оваа работилница ќе можете да се информирате за главните критериуми за учество, процесот на оценување, придобивките од учествувањето и освојувањето на наградата, а потоа ќе слушнете искуства и корисни совети од искусни книжевни преведувачи на што треба да внимавате при преведувањето. Исто така детално ќе ви биде објаснето како да изберете дело што ги исполнува критериумите за конкурсот.
Кандидатите што се пријавуваат треба да не бидат постари од 26 години и да преведуваат од еден од службените јазици на Европската Унија на еден од јазиците што се зборуваат во Република Северна Македонија.
Работилницата ќе може да ја следите на zoom преку следниот линк
https://us02web.zoom.us/j/83105651855