На ден 11 декември 2023 (понеделник), во ресторан „Воденица“ во Скопје ќе се одржи секцискиот состанок „Грижа на женско здравје во репродуктивен период“. Настанот е во организација на Македонска асоцијација на гинеколози и опстетричари и Македонското мултидисциплинарно здружение за хуман микробиом (ММЗХМ), а со поддршка на Medis Consumer Health.
Настанот е акредитиран во Лекарска Комора и Македонско лекарско друштво.
Доколку сакате сертификат потребно е да ја подмирите котизацијата која изнесува 300 денари и истата може да ја подмирите преку веб страницата КМЕ на МЛД (https://kme.mld.mk/product/mago2023-1/) или пак со уплата на трансакциската сметката - 270-0406786001-48 - Халк Банка со цел на дознака Котизација за „Грижа на женско здравје во репродуктивен период“ / МАГО-18.
По завршување на секцискиот состанок ќе се одржи предновогодишна забава.
АГЕНДА
19:00-19:15 - Регистрација
19:15- 19:20 - Обраќање на Проф. д-р Горан Димитров - Претседател на МЛД и модератор на настанот
19:20- 19:25 - Обраќање на Проф. д-р Глигор Тофоски - Претседател на МАГО
19:25 - 19:40 - „Корелација на вагинален микробиом и Candida“ - Доц. д-р Корнелија Трајкова
19:40 - 19:55 - „Суплементација во бременост во модерното време“ - Доц. д-р Иво Ќаев
19:55-20:10 - Едноставен ефикасен и безбеден третман при вулвовагинална кандидијазав - Љубица Златановиќ
20:10 - 20:30 - Прашања и дискусија
20:30- Забава
https://kme.mld.mk/product/mago2023-1/