Пријава за учество на Вебинар “Практични методи и техники за дислексија по Британски модел ”.
👩🏫 Почитувани на наше огромно задоволство за прв пат пред Македонската публика ви го најавуваме вебинарот “Практични методи и техники за дислексија по Британски модел ”.

📅 03-ти Април (сабота),
🕜 14 часот
💻 ZOOM.

Обучувач на вебинарот ќе биде Професор - Магистер Даниела де Силва (Караџовска) советник за специфични тешкотии во учењето на University of Westminster во Лондон и лиценциран дијагностичар за дислексија, диспраксија и АДХД
Работниот јазик на вебинарот ќе биде Македонски

📣 Вебинарот ќе биде поделен на четири сесии и тоа :

1⃣ Сесија 1
Во првиот дел на вебинарот ќе бидат претставени различни техники, методи и практични совети кои се применуваат за децата со дислексија во основните училишта. Обучувачката ќе посвети посебен фокус за тоа колку е важно да се изгради самодовербата кај децата со дислексија и како да се одржи мотивацијата кон учењето.  

2⃣ Сесија 2
Во втората сесија од вебинарот ќе се опфатат проблемите со кои се соочуваат децата со дислексија во средното образование и ќе претстават практични совети и методи за како да им се помогне  на учениците со дислексија во средните училишта.  

3⃣ Сесија 3
Третиот дел од вебинарот ќе се фокусира на лицата со дислексија во високото образование и како предизвиците со кои што тие се соочуваат се решаваат преку индивидуалните сесии наречени „учење специјални вештини“ (Specialist One to One Study Skills).

4⃣ Сесија 4
Последната сесија од вебинарот ќе се посвети на тоа колку е важно дислексијата и другите невролошки различности (neurodiversities) да се претставуваат како различен начин на размислување, а не како недостаток.

🧑‍🎓👩‍🎓Главниот бенефит на учесниците од овој вебинар ќе биде надградба на нивните знаења со палета од практични совети за помош на учениците со дислексија од различни училишни групи. Тие исто учесниците за прв пат ќе имаат можност да се запознаат како им се помага на студентите со дислексија во високото образование во Обединетото Кралство. Дополнително, учесниците ќе го збогатат своето знаење за тоа како да се изгради самодовербата и мотивацијата кон учењето кај учениците и студентите со дислексија и колку дислексијата се состои од многу позитивни, а не само негативни карактеристики како што вообичаено се мисли.

📜Вебинарот ќе биде во времетраење од 4 часа со кратки паузи помеѓу секоја сесија.

📜Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.


👉Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 699 денари, за сите активни членови во Здружението Ајнштајн котизацијата изнесува 559 денари. Уплатата на котизацијата се извршува преку уплатница во банка или електронски преку ПП30 уплатница, исто така уплатата на котизацијата може да се изврши и преку фактура.
Последен предвиден рок за уплата е 1-ви април.


❓ За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885

Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Име и презиме *
Мобилен телефон *
Во кое својство се пријавувате на семинарот? *
На кој начин ќе ја извршите уплатата на котизацијата? *
Доколку уплата ја извршувате преку фактура, ве молиме наведете назив на првното лице и адреса на седиште.
Дали сте активен член во Здружението Ајнштајн и дали  ја имате уплатено годишната чланарина? *
Доколку не сте активен член на Ајнштајн, дали би сакале да добиете подетални информации за придобивките од нашето членство? *
Како дознавте за овој вебинар? *
Се согласувате дека сите погоре наведени податоци се точни? *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy