СЕМИНАР : : Проширена поетика: романтичното, модерното, современото : :

Во рамките на КРИК 07 - фестивал за критичка култура, ве покануваме да заземете учество на тридневниот семинар „Проширена поетика: романтичното, модерното, современото“, предводен од Нејтан Браун

Во доцните 1790-ти, романтичарите од Јена развија концепт за поезис, Romantische Poesie, како основа на сите уметности, но и како основа за етичкиот и политичкиот живот. Овој семинар ќе се заснова на поголем истражувачки проект, во кој ќе се акцентира тврдењето на романтизмот како движење во чија основа е вткаен фактот дека станува збор за средство за следење на односите меѓу уметностите и политиката на формата, од модернизмот преку алатките на современоста до поетиката на интердисциплинарност.

Во три сесии од 2 часа, ќе истражиме неколку студии на случаи, кои ги обединуваат визуелната уметност, музиката, поезијата и политичката револуција, додека ја поврзуваат современата и модернистичката уметност со парадигмите од добата на романтизмот.

Првата сесија ќе се фокусира на нецелосноста на  песните на Чарлс Олсон Максимус во однос на теоријата за фрагмент и проект на Фридрих Шлегел. Втората сесија ќе се фокусира на цитатите на Жан-Мишел Баскијат на Бетовеновата симфонија Ероика, во неговото доцно дело, сугерирајќи дека значењето на цитатите на Баскијат може да се сфатат преку романтичарските пристапи кон музиката и поезијата како поле на асоцијативни фрагменти. Третата сесија ќе се фокусира на спекулативното, ретроактивно тврдење на Еме Сезер дека слободниот стих е инаугуриран од револуцијата на Хаити, со што ќе се следи врската помеѓу модернистичката поетика на Негритуд и револуционерната политика од 1790-тите и раните 1800-ти.

Сесија 1 -- Некомплетност: Проектот на долгата песна

Сесија 2 - Поле и фрагмент: иднината на романтичната композиција од Баскијат до Бетовен

Сесија 3 - Tврдењето на Сезер: за ретроактивната генеза на слободниот стих

Семинарот ќе се оддржи на англиски јазик.
Рок за пријавување до 07.06.2022



БИОГРАФИЈА

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот Конкордија, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“, и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

***
Проектот е поддржан од Алијанс културштифтунг / www.kulturstiftung.allianz.de и Министерство за култура/ www.kultura.gov.mk
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Email адреса *
Занимање *
Телефонски број
Што најмногу ве привлече да се пријавите на семинарот
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy