Работилница за Правата од интелектуална сопственост и користење на природните ресурси
Enterprise Europe Network во Македонија ги поканува сите компании кои работат во областите обновлива енергија, енергетска ефикасност, управување со води и управување со отпад да земат учество на работилницата за Правата од интелектуална сопственост и користење на природните ресурси која ќе се одржи на 3ти декември во хотел Александар Палас во Скопје со почеток од 13:00 часот.
Работилницата ќе овозможи вовед во права од интелектуална сопственост и права од индустриска сопственост во следните области: енергетски дејности, енергетска ефикасност, управување со води и управување со отпад. Работилницата е дел од меѓународниот саем за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност, отпад и вода RENEXPO®.