Анкета за испитување на навиките за штедење енергија во домаќинствата
Почитувани,

Пред Вас е кратка анкета со која сакаме да ги анализираме навиките за штедење енергија во Вашето домаќинство. Енергетската криза, загадувањето на воздухот но и климатските промени се едни од главните причини за потреба од што поголема заштеда на енергија. Со оваа анкета ќе го добиеме вашето мислење во врска со потрошувачката на енергија во вашите домови, но и ќе ги анализираме Вашите навики за користење на енергијата што ќе ни овозможи да предложиме мерки за заштеда и промена на однесувањето со цел поголема енергетска ефикасност и користење на обновливи извори на енергија.

За таа цел го инициравме проектот „Подобрување на квалитетот на воздухот преку промена на однесувањето и поголема енергетска ефикасност и употреба на обновливи извори на енергија (ACT for AIR)“ чија главна цел е да се анализира и да се влијае на однесувањето на граѓаните за поголема заштеда на енергија, преку мерење на потрошувачката на електрична енергија кај домаќинствата и анализа на исплатливоста од искористувањето на обновливи извори на енергија. 

За сите дополнителни информации во врска со анкетата и проектот Ве молиме контактирајте не електронски: ckp.skopje@gmail.com

Оваа анкета е подготвена од страна на Центар за климатски промени, во склоп на проектот „Справување со загадувањето на воздухот во градот Скопје“, финансиран од Шведска, а имплементиран од страна на UNDP во партнерство со Министерството за животна средина и просторно планирање и Град Скопје. Мислењата искажани во овој документ се на авторот и не е нужно да ги рефлектираат ставовите на донорот или субјектите кои го имплементираат проектот.
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Социо-демографски прашања
1. Наведете ја вашата адреса на живеење и име на општината? *
2. Возраст: *
3. Пол *
4. Образование *
5. Месечни примања (по домаќинство) *
6. Вид на живеалиште? *
7. Година на изградба на вашиот објект за живеење? *
8. Вкупна површина на вашиот дом во m2? *
9. Колку членови живеат во вашиот дом? *
Потрошувачка на енергија
10. Дали имате термичка изолација на надворешните ѕидови во вашиот дом? *
11. Дали имате инсталирано соларен термички систем за санитарна топла вода? *
12. Дали имате клима уред во вашиот дом? *
Next
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy