Водно-Матка има убави задачи за убави луѓе кои ќе се вклучат како волонтери во организацијата на шестото издание на планинската трка која е закажана на 02.04.2023.
Остави свој белег на настанот - забавувај се без граници! Ајде заеднички да придонесеме за подобро општество - придружи ни се и пријави се за волонтер!
Придобивки од волонтирањето на Водно-МаткаЗабава без граници - остави свој белег на настанот;
Уникатно доживување кое долго време се помни;
Мултинационално искуство - подмачкај си го англискиот;
Позитивна енергија, милион насмевки и радости;
Брендиран подарок, оброк и превоз (по потреба) за секој волонтер.
Пополни го формуларов и ќе те контактираме навремено за повеќе насоки и распределба.