Анкета на граѓаните на град Скопје за културната понуда и потреби и можностите кои ги нуди статусот Европска престолнина на културата
Град Скопје донесе одлука за кандидирање на градот за престижната титула Европска престолнина на културата за 2028 година.

Што е Европска престолнина на културата (EПK)?

Европската престолнина на културата (EПK) е град назначен од Европската унија (ЕУ) за период од една календарска година во текот на којa градот организира серија културни настани со силна паневропска димензија. Европска престолнина на културата е титула и престижна едногодишна културна манифестација која e созададена и постои за да ги истакне и слави богатството и разновидноста на културите во Европа.
Секоја година нови градови се избрани за Европски престолнини на културата, преку кои се охрабрува чувството на припадност на европските граѓани кон заедничкиот културен простор.

Титулата Европска престолнина на културата е можност градот да генерира значителни културни, социјални и економски придобивки и може да помогне во поттикнување на урбаната регенерација, промена на имиџот на градот и подигнување на неговата видливост и профил на меѓународно ниво, вдишување нов живот во градската култура и зајакнување на туризмот.

Во 1985 година, Мелина Меркури, тогашната грчка министерка за култура и нејзиниот француски колега Жак Ланг излегоа со идеја да назначат годишна престолнина на културата за приближување на Европејците преку истакнување на богатството и разновидноста на културите во Европа и подигање на свеста за нивната заедничка историја и вредности. ЕПК има потенцијал значително да ги зголемат социјалните и економските придобивки на градот носител на титулата, особено кога културните настаните се вградени како дел од долгорочната стратегија за развој базирана на култура на градот и околниот регион.

Комисијата на Европската унија управува со титулата. Секоја година, Панелот на експерти составен од избрани преставници на Европската Комисија,  Европскиот Парламент, Советот на Европа  и  Комитетот на регионите ги   оценува  градовите кандидати кои аплицирале за ЕПК и ги избира носителите на титулата. Досега се избрани повеќе од 40 градови (во 2020-та ЕПК се градовите Риека, Хрватска и Галвеј Ирска).

Започнувајќи од 2021 година, градови од земјите кандидати и потенцијални кандидати за членки на ЕУ, имаат можност да бидат носители на титулата ЕПК  еднаш на три години. Во 2021 ЕПК ќе биде Нови Сад (Србија), а во 2024 Бодо (Норвешка). Следна година на ЕПК за земји кои не се членки на ЕУ ќе биде 2028 (заради буџетскиот циклус на ЕУ има техничко поместување на годината од 2027 во 2028). Селекцијата се врши во два круга, а првата кандидатската книга градовите кандидати ја поднесуваат 6 години пред годината на ЕПК за која се кандидираат.

Зошто Скопје 2028 - Европската престолнина на културата (EПK)?

Оваа програма од градот бара да создаде јасна развојна визија во која културата ќе има значајно место и во која економските, општествените, урбанистичките, социјалните и културните планови и цели ќе се испреплетуваат во една нова, урбана, прогресивна филозофија.

Титула која носи престиж не само во европски, туку и во глобални рамки. Титула која го става градот на мапата на првата лига културни градови. Титула која носи туристи, посетители, културни професионалци, која носи нови финансиски средства, отвора можности за регенерација на културните простори, која создава нови културни центри, галерии, јавни простори. Титула која треба да создаде нова генерација на културни професионалци, на културни познавачи, на нова публика и нови учесници во културниот живот. Преку сеопфатни програми за волонтери, акции во заедницата, досег и вклучување на граѓаните од маргините на општеството. Најзначајното мото под кое се обединуваат сите аспекти е дека титулата Европска престолнина на културата претставува катализатор за промена на културното живеење во градот.

Во 2014 година Град Скопје ја најави идејата за кандидатура за титулата „Европска престолнина на културата“ како дел од залагањата и напорите за европска интеграција на градот Скопје.
Во 2015 година градот организираше меѓународна работилница на тема „Значењето на титулата – Европска престолнина на културата“ со меѓународни гости-говорници.
Во 2018 година се создадоа институционални услови за планско и оперативно почнување на процесот на развој на кандидатурата на градот Скопје за „Европска престолнина на културата“ во 2028 година (ЕПК 2028). Земајќи ги предвид искуствата на досегашните градови-носители на титулата, оптималното време потребно за подготовка на квалитетна пријавна книга (т.н. „bid-book“) е десет години од почетокот на работа на кандидатурата до годината на титулата за која се аплицира.
Во втората половина на 2018 година градоначалникот Петре Шилегов го потврди интересот на Град Скопје како град-кандидат за ЕПК 2028 година. Се формираше работен тим од независни експерти од полето на културата при градската културна установа „Универзална сала“. Работата на тимот почна со истражување што опфати анализи на: пријавни книги  на градови-кандидати и носители на титулата; официјални документи на Европската комисија поврзани со кандидатурата и процесот на аплицирање итн.
Со цел подобро да се запознае јавноста со проектот „Европска престолнина на културата“ и можностите што произлегуваат од неа за градовите-носители на титулата, тимот организираше меѓународна конференција на тема „СКОПЈЕ 2028 град-кандидат за Европска престолнина на културата 2028“ со учество на меѓународни гости кои имаат искуство во процесот на кандидирање за титулата ЕПК.
Во 2019 година Советот на Град Скопје едногласно донесе одлука да се влезе во процес на кандидирање за Европска престолнина на културата за 2028 година.

----------------------------------------------------
Инклузивноста, партиципативноста, учеството на граѓаните, дизајнот на програмата во тесна соработка меѓу професионалците, институциите, граѓанскиот сектор и граѓаните е префериран пристап. Од тие причини, програмата, визијата, активностите, не смеат да бидат наметнати од горе надолу.

Целта на оваа анкета како и на директните средби на тимот на Скопје 2028 со граѓаните е истите да се запознаат со идејата за ЕПК, да се добијат информации за нивните размисли,  желби и очекувања во врска со можностите на ЕПК, како и да се дефинираат културните потреби на граѓаните во нивното примарно локално опкружување.

Бидејќи оваа анкета е анонимна, тимот на Скопје 2028 и Градот Скопје понатаму ќе изготват и повик за мислења и предлози за програмата на Скопје 2028 ЕПК каде граѓаните ќе можат да ги дадat своите конкретни идеи и при тоа да се идентификуваат.

Прашалникот е организиран во 3 делa и за потполно пополнување ќе ви бидат потребни околу 15 до 20 минути. Најголемиот број на прашања се со избор, но на неколку прашања сепак ќе треба да одговорите наративно.

Ви благодариме на учеството.
Срдечно,


Тимот на Скопје 2028 - Град кандидат за Европска престолнина на културата 2028


Sign in to Google to save your progress. Learn more
Next
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy