Пријава за учество на вебинар „Како до дете кое верува во себе„
Здружението Ајнштајн со особено задоволство ве поканува на вебинарот „Како до дете кое што верува во себе„

📆 03-ти мај
🕧18 часот
💻ZOOM

👩‍🏫Обучувач на вебинарот ќе биде М-р Катерина Димова – специјален едукатор и рехабилитатор и лиценциран системски-семеен советник.

🔸Современата училишна концепција е насочена кон когнитивните способности на детето, афективната и социјалната компонента се главно занемарени.
Целта на овој вебинар е да ја поттикнеме свесноста за негување на менталното здравје на децата уште од најрана возраст. Преку овој вебинар родителите, наставниците и стручните лица добиваат совети методи и техники како од најраното детство до подобро ментално здравје и дете кое што верува во себе.
Детето е личност – ние како родители, едукатори, наставници треба да сфатиме дека треба да го третираме со почит, внимание и прифаќање. Во спротивно, ние не ја градиме самодовербата кај детето, туку напротив, ја рушиме, со тоа што детето се огледува во нашите очи како невредно, недостојно за безусловна љубов, недоволно добро, неспособно и невешто.

🔶Вебинарот ќе биде во времетраење од 3 часа и ќе биде поделен во три сесии

🔹Прва сесија 45 минути
Ран детски развој, значаен сегмент за забележување на првите црвени знаменца, рана детекција и рана интервенција
Атачмент-сигурната поврзаност им помага на децата да напредуваат
Воспитен стил во раното детство од круцијално значење за менталното здравје на детето
🔹Втора сесија 45 минути
Позитивна слика за себе и самодоверба во домот и училницата
Негата на емоционалната интелегенција кај дете е одговорност на возрасниот
🔹Трета сесија 45 минути
Специфични тешкотии во учењето и секојдневните предизвици во училница
Лошиот успех на ученикот се изедначува со општата вредност на ученикот
Дискусија 15 минути

📜По завршувањето на вебинарот сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на истиот.

👉Котизацијата за учество на вебинарот изнесува 850 денари, за членовите на Здружението Ајнштајн следува 20% попуст.

Доколку се пријавите група од над 4 учесници следува 20% попуст на секоја котизација.
🔶Уплатата на котизацијата може да се изврши на три начини и тоа:
• Со платежна картичка преку нашата веб страна https://edukacija.com.mk/product/kako-do-dete/
• Преку уплатница пп30 или пп10 во банка или преку електронско банкарство
• Уплата на фактура.

Последен предвиден рок за уплата е 03-ти мај.

💻За следење на вебинарот ќе ви биде потребна стабилна интернет врска, компјутер/лаптоп или паметен телефон, микрофон и по можност камера.

❓ За сите дополнителни информации ви стоиме на располагање во секое кое време на 078 296 885 преку viber или whatsapp

Со почит,
Здружение за дислексија АЈНШТАЈН
Sign in to Google to save your progress. Learn more
Email *
Име и презиме *
Мобилен телефон *
Доколку се пријавувате група од 4 или над 4 учесници, наведете ги имињата, презимињата и e-mail адресите на останатите учесници.
Во кое својство се пријавувате на вебинарот? *
На кој начин ќе ја извршите уплатата на котизацијата? *
Доколку уплата ја извршувате преку фактура, ве молиме наведете назив на првното лице и адреса на седиште.
Дали сте активен член во Здружението Ајнштајн и дали  ја имате уплатено годишната чланарина? *
Доколку не сте активен член на Ајнштајн, дали би сакале да добиете подетални информации за придобивките од нашето членство? *
Како дознавте за овој вебинар? *
Се согласувате дека сите погоре наведени податоци се точни? *
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy