Доаѓа летната сезона, најави за туристи, а вие сеуште немате доволно персонал за вашите бизниси? Секоја година приказната е иста.
Свесни за овој голем предизвик, Касарна Хаб Охрид како центар чија мисија е да помага на бизнисите, одлучивме да организираме Саем за сезонски вработувања, на кој, во соработка со АВРМ Охрид, училиштата и факултетите ќе ги поканиме младите да видат што се нуди како работа за време на летниот распуст.
На избраните бизниси ќе им понудиме бесплатен штанд за еден ден (или 24 или 25ти март) и промоција на настанот.
Повеќе инфо на info@kasarna.net или на 071-355-844