Настава на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во услови на пандемија: Истражување
Sign in to Google to save your progress. Learn more
ПРАШАЛНИК ЗА СТУДЕНТИ

Драги колеги студенти,

Наглото префрлување на наставата онлајн во летниот семестар 2019-2020 заради пандемијата на КОВИД-19 беше предизвик за целокупниот образовен систем. Со оглед на најавите за можно продолжување на наставата онлајн наесен, ги истражуваме искуствата од држењето настава онлајн на колегите професори на Филолошкиот факултет. Целта е да утврдиме што можеме да научиме од досегашните искуства и како да понудиме поквалитетна настава во семестарот што доаѓа.

Многу ни е важно во размислувањата да ги земеме предвид и вашите студентски перспективи. Ова е можност да ни кажете кои наставни практики според вас се корисни и што би сакале да се промени. Ве охрабруваме активно да се вклучите во истражувањето независно од тоа дали и колку сте посетувале настава онлајн. Доколку не сте посетувале настава, тоа е во ред - во прашалникот наведуваме кои полиња да ги пополните во тој случај.

Овој прашалник не е тест, така што нема „точни“ или „неточни“ одговори. Нѐ интересираат вашите лични ставови. Прашалникот е анонимен и податоците ќе ги користиме исклучиво за истражувачки цели.

Ќе ви бидеме благодарни доколку одвоите десетина минути за пополнување на прашалникот,

Елена Ончевска Агер и Руска Ивановска-Наскова, професори на Филолошкиот факултет  

Катедра на која студирате: *
Студиска година во која сте моментално запишан/а: *
Студентски статус: *
Колку редовно посетувавте онлајн настава во летниот семестар од 2019-2020 година? Приближно наведете го процентот од понудените онлајн часови на кои сте присуствувале: *
Како би ја споредиле Вашата редовност во летниот семестар од 2019-2020 година, кога се одржуваше онлајн настава, со редовноста во семестарот пред тоа? *
Доколку имаше промени во Вашата редовност, објаснете накусо зошто.
Next
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy