2024 ПРИСТАПНИЦА (Барање за зачленување)
ИКОМОС Македонија: Членување во Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС Македонија

Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС во Македонија, Скопје (ИКОМОС Македонија) е здружение на граѓани основано во 1994 година врз основа на Законот за здруженија и фондации. Неговите основни цели се унапредување на заштитата, конзервацијата, ревитализацијата и поттикнување на интересот за недвижното културно наследство во Македонија.

Националниот комитет на Меѓународниот совет за споменици и локалитети ИКОМОС Македонија е член на Меѓународниот комитет на ИКОМОС кој е најголемата глобална професионална невладина организација во сферата на заштитата на културното наследство и во чиј фокус на интерес е унапредувањето на теоријата, методологијата и научните техники за конзервација на архитектонското и археолошкото наследство.

Според Статутот  членувањето во ИКОМОС Македонија е доброволно, непартиско, невладино, стручно и непрофитно. Сите членови на ИКОМОС Македонија учествуваат во остварувањето на целите и задачите на Комитетот и делуваат во насока на унапредување на неговата дејност и углед на национално и меѓународно ниво.

Членовите на ИКОМОС стануваат дел од меѓународна професионална мрежа и можат да учествуваат на стручни состаноци, професионални работилници, научни размени, теренски активности, работни групи и програми за обуки низ целиот свет.

Други придобивки од членството вклучуваат:
  • Право на присуство на Генералните собранија на ИКОМОС, вклучително и тригодишното Генерално собрание, заедно со нивните научни симпозиуми
  • Можност за приклучување и учество во Меѓународните научни комитети на ИКОМОС
  • Можност за учество во локалните активности на Националниот комитет на ИКОМОС Македонија
  • Бесплатен пристап до е-вестите на ИКОМОС и Центарот за документација на ИКОМОС
  • Намалени цени за публикациите на ИКОМОС
  • Можност за учество во дејноста на ИКОМОС за светско наследство преку ревизии на номинации и експертски мисии
  • Бесплатен или намален влез во многу споменици, локалитети и музеи ширум светот со ИКОМОС картичката
Секое лице кое е заинтересирано да се стане член на ИКОМОС Македонија (или да го продолжи своето членство) ја пополнува оваа Пристапница (Барање за членство). Исполнувањето на критериумите за членство одредени со Статутот на Здружението, го разгледува посебна Работна група во рамките на ИКОМОС Македонија која одлучува за прифаќање или неприфаќање на барањето за членство. Секој барател ќе биде известен по електронска пошта за статусот на неговото/нејзиното барање.

Доколку Барањето за членство е одобрено, на барателот ќе му се достават информации за начинот на уплата на годишната членарина во ИКОМОС Македонија. 
  1. Годишната членарина за индивидуален член изнесува 1.200 денари;
  2. Годишната членарина за поткатегоријата индивидуален член помлад од 30 години изнесува 700 денари;
  3. Годишната членарина за поддржувачки член изнесува 3.000 денари.
Доколку барањето за членство е одбиено, барателот може да поднесе приговор до ИКОМОС Македонија, а доколку дојде до повторно одбивање на барањето, приговор може да се поднесе до Меѓународниот комитет на ИКОМОС.  


Email *
Категорија на членство: *
Ве молиме изберете категорија на членство:

* Индивидуален член може да биде секој граѓанин кој професионално е вклучен непосредно или посредно во заштитата и конзервацијата на недвижното културно наследство.

*Поддржувачки член (поединец) може да биде секој граѓанин кој не е професионално, директно или индиректно, поврзан со заштитата и конзервацијата на културното наследство, но има изразено интерес за подобро запознавање, негување и поддршка на недвижното културно наследство на локално, национално и меѓународно ниво. Поддржувачките членови ги имаат сите права и обврски како и индивидуалните членови, освен правото на глас на седниците на Собранието на ИКОМОС Македонија и правото да бидат бирани во телата на ИКОМОС Македонија.  
Next
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This form was created inside of International Council on Monuments and Sites. Report Abuse