Мапирање на занаетите во Скопје
„Занаетот е клин што открива остри разлики во идеологиите за вкус и вредност. Занаетот ги поларизира и урива теоретските позиции за тоа што значи создавање/творештво денес. Занаетот е современ бидејќи е стожерот помеѓу уметноста и трговијата, помеѓу работата и слободното време, помеѓу минатото и иднината. Не постои такво нешто како „современ“ и не постои такво нешто како традиционален занает. Со сите негови сложености, со сите негови различни регистри на значење низ историјата, низ класите, меѓу половите, низ институциите, занаетот е сѐ од овие работи, некои од овие работи, ништо од овие работи.“ Џулија Брајан-Вилсон, „Единаесет (контрадикторни) предлози како одговор на прашањето: Што е современ занает?“, во Занает, ед. Тања Харод, Галерија Вајтчепел, 2018 година, стр. 68.

Работилница со уметникот Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану

Контрапункт поканува уметници, дизајнери, архитекти, занаетчии, истражувачи, антрополози, етнолози, социолози, историчари, историчари и теоретичари на уметност и други креативци заеднички, под водство на уметникот Билал Јилмаз (Истанбул) и кураторката и теоретичарката на уметност Лидија Хаѕиоану (Солун) на возбудлив процес коj ги поврзува наследеното и современото преку мапирање и колективно откривање на потенцијалот на занаетчиството, древното, наследеното, но и она кое е современо во Скопје.

Уметникот Билал Јилмаз и кураторката Лидија Хаѕиоану се занимаваат со занаетчиството и неговата повеќеслојна врска со уметноста, наследството, индустријата, технологијата, родовата динамика, продукцијата и потрошувачкото општество. Заедно, тие ја развиваат Creative-Craft платформата, дигитална алатка и физички концепт за мапирање-поврзување-реактивирање и редефинирање на современото значење на занаетчиството, со цел да го откријат нивниот културен, економски и одржлив потенцијал за производство на креативни идеи во пост-индустриската ера.

За време на работилницата, учесниците ќе се запознаат со овие концепти, како и со Craft Net, дигиталната алатка на Creative-Craft Platform. Мисијата на Craft Net е да мапира занаетчиски јадра преку учество на локалната креативна, но и теориски посветена заедница, да создаде мрежа на занаети, да ги поттикне креативците да ги изведуваат своите идеи во занаетчиските простори и да изгради заемно корисен одржлив производствен модел за креативци и занаети.

Учесниците на работилницата ќе имаат можност да ја користат апликацијата за истражување на Craft Net за мапирање на локалните занаетчии и колективно да креираат занаетчиска карта на Скопје. Преку процесот на мапирање, учесниците ќе ги откријат локалните занаетчиски работнлничарски јадра и можностите за производство што ги нудат. Исто така, преку интеракцијата со занаетчиите, архитектите, уметниците, дизајнерите, и учесниците ќе се запознаат со алтернативната историја на градот како производствен простор, како и со традиционалните материјали, алатки и техники. За време на мапирањето, учесниците ќе собираат предмети, звуци и приказни од мапираните занаетчиски искуства, кои ќе ги презентираат на крајот од работилницата. Овие материјали ќе се искористат за создавање на инсталација светло-сенка-звук, која ќе го визуелизира истражувањето и ќе ги дистрибуира резултатите до локалната јавност.

Целиот процес ќе стави акцент на повеќе аспекти од занаетчиството: социолошкиот, антрополошкиот, теорискиот, уметничкиот.


Кратка биографија:

Билал Јилмаз и Лидија Хаѕиоану работат заедно од 2018 година, како резултат на заедничкиот интерес и погледот на уметноста како алатка за општествени промени и за истражување на различни формати на уметничка продукција, презентација и искуство. Во летото 2020 година, тие беа поканети на резиденцијална програма во Порта 27, Ајвалик (Турција), во контекст на која го мапираа локалното занаетчиство, изработија занаетчиска мапа на градот и создадоа инсталација со светлина-сенка-звук што го визуелизираше нивното истражување. Истовремено започнаа да ја развиваат Creative-Craft Platform, дигитална и физичка алатка за активирање на соработки помеѓу креативците од различни сфери и занаетчиите, со цел да се открие општествениот, културниот и економскиот потенцијал на занаетите во креативната и социо-културната продукција.

Пред тоа, Билал веќе работел на истражување за потенцијалот на „Занаетчиството во современото општество“ од 2012 година, со неговиот проект Crafted in Istabul, кој е претставен на различни изложби, и прикажан во архивата Arte Util на уметникот Тања Бругуера како „студија на случај што се базира на уметничка практика да се замисли алтернативна иднина“. Во исто време, Лидија курира проекти кои се насочени кон зајакнување на заедниците и креирање алатки за активирање на партиципативни колективни искуства, базирани меѓу другото на креативната употреба на аналогни и дигитални технологии.

Повеќе за Билал Јилмаз
Билал Јилмаз е интердисциплинарен уметник-дизајнер со седиште во Истанбул. Тој главно користи светлина, звук, движење и интеракција со цел да создаде скулптурни предмети, инсталации и искуства кои ја менуваат перцепцијата на гледачот и носат радост на колективноста. Покрај неговите интердисциплинарни уметнички дела и дизајни, тој развива социјални и колективни проекти создавајќи импакт преку уметност. Билал Јилмаз студирал инженерство за информациски системи на Универзитетот во Истанбул и компјутерски науки на Универзитетот Бингамтон (Њујорк, САД), а магистрирал „Дизајн на индустриски производи“ на Техничкиот универзитет во Истанбул. Неговите интердисциплинарни интереси и образование се рефлектираат на неговата работа, која осцилира помеѓу уметност, дизајн и општествен ангажман. Неговата практика во голема мера се заснова на пронаоѓање и откривање на потенцијалите кои се скриени поради современата општествена, политичка и финансиска реалност, како и на искуствено и колаборативно учење и правење. Многу од она што го прави има за цел да создаде алатки кои ги активираат можностите и заедниците преку замислување и експериментирање со алтернативни системи на ангажирање и колективно производство.

Во 2010 година, Билал Јилмаз основал колаборативно студио на  Универзитетот Boğaziçi (Турција) со цел студентите да искусат уметнички и дизајнерски практики, да создаваат заедно и да учат едни од други. Во 2012 година, тој го основал дизајнерскиот колектив Olmaz İşler  (Невозможни дела), преку кој стекнал искуство во дизајнирање концептуални внатрешни простори и истражување на интеракцијата на луѓето со нивната околина, предмети и светлина. Неговиот интерес за занаетчиство довел до  колективниот проект Crafted In Istanbul (2012), кој има за цел да го открие општествениот, културниот и економскиот потенцијал на занаетчиството во постиндустриската средина, со тоа што ќе донесе видливост на подземните занаетчиски студија во Истанбул, како и отпочнување на соработки помеѓу занаетчии и креативци. Crafted In Istanbul е прикажан во архивата на Arte Útil на уметницата Тања Бругуера како „студија на случај која се потпира на уметничкото размислување за замислување, создавање и спроведување тактики кои го менуваат начинот на кој постапуваме во општеството“.

Билал Јилмаз учествуваше на Истанбулското биенале за современа уметност (2017) и на Истанбулското биенале за дизајн (2014). Бил дел и од повеќе меѓународни фестивали, музеи и галерии. Редовно држи предавања и работилници за различни аспекти од неговата работа во Истанбул и во странство.

https://bilalyilmaz.info 
www.craftedinistanbul.com 

Повеќе за Лидија Хаѕиоану

Лидија Хаѕиоану е куратор со седиште во Солун (ГР) и Истанбул (ТР). Од 2004 година, таа е ко-директор на ArtBOX (www.artbox.gr), канцеларија за управување со креативни уметности која конципира, дизајнира и имплементира проекти за современа уметност кои гравитираат околу истражувањето на уметноста како агент на општествени промени, врз основа на долгорочно стратешко планирање. Во овој контекст, таа конципира, курира и координира проекти кои ја потенцираат уметноста како алатка за општествени промени и односот помеѓу уметноста и технологијата, здружувајќи ги заедниците, уметниците и институциите од Грција и од странство.
Во изминатите неколку години, таа била вклучена во проекти кои имаат цел да создадат заедници преку уметност и креативност како средство за охрабрување на учесниците, демократизирање на пристапот до културата и овозможување разбирање на колективноста како алатка за еманципирана акција. Нејзиниот последен проект со ArtBOX, Tale of X Cities, се одвива во 15 различни градови во Северна Грција, обединувајќи ги институциите и граѓаните за да создадат колаборативен онлајн и офлајн фестивал, преку серија онлајн работилници за медиумска писменост и раскажување приказни.
Од 2018 година, таа ги истражува можностите за производство што ги нудат занаетчиството за креативниот сектор, а од 2020 година работи со уметникот Билал Јилмаз, на развивањето на Creative-Craft платформата со цел да се овозможи креативна соработка помеѓу уметниците и занаетчиите.

www.artbox.gr 

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Име и презиме *
Email адреса *
Занимање *
Телефонски број
Што најмногу ве привлече да се пријавите на работилницата
Submit
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy