Волонтирај на Охрид Ултра-Треил® 2023
Без помошта од вас волонтерите, настан како Охрид Ултра-Треил би бил незамислив. Пријавете се и помогнете ни да го оживееме овој голем спортски предизвик, можеби со поддршка на вашите најблиски или пријатели кои учествуваат на трката.
Како волонтер ги уживате истите придобивки како и тркачите... Бесплатна маичка, оброци и пијалоци во текот на сите ваши смени, обезбеден превоз до местото на ангажман како волонтер...
Доколку доаѓате од далеку и ви треба сместување во четврток, петок или сабота ако работите неколку смени, ние ќе ви резервираме бесплатно сместување во Планинарскиот дом Велестово.