[Пријава] Член на Одбор на Младинска банка- општина Струмица
Дали си млад човек кој живее на територија на Општина Струмица? Дали ги препознаваш потребите на твоите врсници во твојата општина? Можеби имаш желба да ја подобриш општината во која живееш? Сакаш да бидеш слушнат и да соработуваш со твоите врсници, но и со возрасните?

Доколку одговорот на овие прашања е ДА, тогаш овој повик е токму за тебе!

Младите можат оваа година повтoрно го спроведуваат проектот Младински локални банки,  но овој пат во соработка со општина Струмица.

Младинските банки претставуваат иновативен модел и програма за создавање грантови преку кои се овозможува финансирање на локални проекти од неформални групи млади со цел унапредување на заедницата. Младите ќе имаат можност да ги реализираат своите идеи за поквалитетен живот во заедниците користејќи неповратни средства за проекти.

Програмата има за цел да создаде механизам за соработка помеѓу властите и младите, што резултира со државно финансирање на младински проекти.

Првиот чекор од започнувањето на програмата е формирање на  Одбор на младинските банки во општинaтa.

Ги покануваме сите млади што живеат на територија на општина Струмица да аплицираат за членство во Одборот на младинската банка.

Sign in to Google to save your progress. Learn more
Next
Clear form
Never submit passwords through Google Forms.
This content is neither created nor endorsed by Google. Report Abuse - Terms of Service - Privacy Policy