Место на реализација: Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Кампус 2
Период на реализација 29.09.2022 до
01.10.2022 година.
Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип во соработка со Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, преку програмата на „WBAA – Western Balkan Alumni Association“, Ве поканува да бидете дел од Конференцијата "Digital Resources and IT Tools as a New Strategical Factor for Modernization and internationalization in Higher Education in Western Balkans".
Светот околу нас е се повеќе дигитален. Ова се рефлектира
во дефиницијата за писменост која го идентификува учењето, слушањето,
зборувањето, читањето, пишувањето, математиката и користењето на секојдневната
технологија за комуникација и ракување со информациите како клучни елементи на
основните вештини што се бараат од секој студент и персонал во
видокообразовните институции.
Главните цели на Конференцијата се:
- да им се помогне на младите луѓе преку дигитализација и
вмрежување;
- одржлива соработка помеѓу високообразовните институции
кои се соочуваат со предизвиците со новата програма Еразмус + 2021-2027 година;
- вмрежување помеѓу високообразовните институции од
земјите на Западен Балкан,
- вмрежување помеѓу Националните агенции за Еразмус + и
Канцелариите на Еразмус+ од Западен Балкан,
- вмрежување на алумни студенти;
- зголемување на мобилноста на студентите, наставен кадар
и персонал помеѓу земјите од Западен Бакан,
- создавање студентски мрежи во Западен Балкан, и
- создавање водич кој ќе
биде виртуелен и печатен. Овој водич ќе биде во согласност со дигитализацијата
во високото образование, онлајн алатките и платформите на Еразмус+, онлајн
учењето, виртуелните мобилности, Европската иницијатива за студентски картички.
Рок за пријавување на повикот е до 15.09.2022.
Прифаќањето на апликациите ќе биде на принцип на прв
пријавен.