Фондацијата за стипендирање и професионален развој на Универзитет Американ Колеџ Скопје е основана со цел да создава професионален кадар преку обезбедување квалитетно школување. Во соработка со Универзитет Американ Колеџ Скопје и Деловниот совет на УАКС, Фондацијата распишува конкурс за стипендии за постдипломски студии на УАКС.
За академската 2021/2022 година ќе бидат доделени вкупно 3 (три) целосни стипендии за студиската програма MBA – Master in Business Administration, на англиски јазик на Факултетот за деловна економија и организациони науки.
Конкурсот е отворен за сите граѓани на Република Северна Македонија кои ги исполнуваат следните услови:
•
Да имаат завршено додипломски студии со 240 кредити;
•
Да се во редовен работен однос со работно искуство од најмалку две години;
•
Да имаат познавање на англиски јазик
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ
•
Пополнување на оваа електронска апликација
•
Уверение за положени испити од прв циклус студии (копија или скениран документ)
•
Потврда за познавање англиски јазик
•
Потврди за лични приходи на кандидатот
•
Мотивациско писмо (со должина од максимум 300 зборови, на англиски јазик)
•
Изјава дека доставените документи се вистинити и податоците се идентични со податоците внесени во пријавата (изјавата не мора да биде нотарски заверена)
Сите документи треба да се достават од 17.11.2021 г. до 06.12.2021 г. на еден од следните начини:
1.
Електронски, на
networking@uacs.edu.mk 2.
По пошта, на адреса: Фондација УАКС, Трета македонска бригада бр. 60, 1000 Скопје, со назнака: Конкурс за MBA стипендија за 2021/2022 г.
Повеќе за КОНКУРСОТ на
www.uacs.edu.mk